Да ја заштитиме водата долгорочно, за да не ја изгубиме
Околу 1,7 милијарди евра инвестиции се потребни за пречистување на урбаните отпадни води кои сега директно се испуштаат во реките, езерата и почвите. Водата е ресурс што неограничено се троши, а надлежните институции со години наназад немаат реален увид во квалитетот и квантитетот на водите во Северна Македонија.
Виртуелна конференција „Зелената агенда за Западен Балкан како поттик за заштита на водите во Северна Македонија”
Забрзувањето на темпото на економски раст и развој беше придружено со деградација на животната средина во Северна Македонија, но и во земјите од регионот. Економскиот и инвестициски план, заедно со Зелената агенда за Западен Балкан, ја утврдија стратегијата за зелена транзиција на земјите од регионот.