Недостига ли еколошка контрола врз големите индустриски капацитети?
Законот за води наложува индустриските отпадни води да се пречистуваат пред испуштање. Но на терен еколошки инциденти од хемикалии во реките и фабрики без пречестителни станици. Дури 99,7 проценти од непрoчистените отпадни води од индустријата и рударството, завршуваат директно во водотеци.
Радио емисии низ целиот Балкан преку проектот Екс-Ју
Студенти на Високата школа ќе работат радио емисии со нивни колеги од Виена и од Сараево. Во текот на следните две години, студентите од трите земји, ќе се обучуваат во Австрија, Македонија и Босна и Херцеговина. Обуките и радио-продукцијата се дел од проектот Екс-Ју (Ex-You), кој е заснован на партнерство меѓу виенското радио Оринџ, Високата школа за новинарство и за односи со јавноста од Скопје и Естудент, студентското радио од Сараево.
