Повик до граѓанските организации за учество на обуки
Институтот за комуникациски студии (ИКС) објавува повик за граѓански организации за учество на обуки за поефикасно комуницирање со целните публики, пишување на документи за јавни политики и планирање и имплементирање на кампањи од јавен интерес. Целта на овој повик е граѓанските организации да воспостават подобра комуникација со целните публики, поефективно да ја мобилизираат поддршката на граѓаните и подобро да ги презентираат резултатите од својата работа во јавноста. Повикот се реализира во рамки на проектот „Поддршка на доброто владеење преку граѓанско учество за поголема транспарентност и отчетност на институциите“, финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје.