ИКС ја најавува Неделата против лажните вести 2019
Институтот за комуникациски студии (ИКС) втора година по ред ја организира Неделата против лажните вести. Ќе информираме, едуцираме, дискутираме како да се бориме против лажните вести и дезинформациите преку обуки, вебинари, дискусии, онлајн квизови, анимирани видеа и други едукативни ресурси.Целта на Неделата против лажните вести е да се поттикне критичкото размислување и да им се понудат алатки на граѓаните со кои ќе можат полесно ќе ги препознаат и да се заштитат од лажните вести, манипулациите и дезинформациите.
Поголема одговорност или засилена пропаганда: новинарската етика во дигиталната ера
Документот „Поголема одговорност или засилена пропаганда: новинарската етика во дигиталната ера“ се фокусира на предизвиците и проблемите со кои се соочува новинарството во дигиталната ера. Документот нуди осврт кон легислативата од областа, преглед на случаи од практиката, и препораки за тоа како медиумите и новинарите да известуваат професионално и етички.
Поврзување на граѓаните: дигитални комуникации во граѓанскиот сектор во Македонија
Анализата „Поврзување на граѓаните: дигитални комуникации во граѓанскиот сектор во Македонија“ се осврнува кон користа и потребата од ефикасно и ефективно комуницирање на граѓанските организации со своите целни групи и пошироката јавност користејќи современи комуникациски алатки и техники.