За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

дезинформации Tag

Воспоставувањето национален модел за справување со странското мешање и манипулирање со информации (СММИ) ќе ѝ овозможи на Северна Македонија да премине кон интегриран, функционален и одржлив систем за институционален одговор кон ваквите закани.

Иако граѓаните се сомневаат во објавените информации од медиумите, ретко преземаат мерки за проверка на нивниот кредибилитет и вистинитост.  

Меѓу македонските граѓани доминира мислењето дека политичките партии и медиумите најмногу шират дезинформации. Голем дел од нив мислат дека можат да препознаат дезинформации, но признаваат дека понекогаш им се случува самите да споделат лажна информација. Граѓаните главно се информираат преку телевизијата, Фејсбук и веб-сајтовите, но многу малку им веруваат на медиумите.

Обуката е наменета за студентите на додипломски или постдипломски студии по новинарство, комуникации и/или односи со јавноста од сите високообразовни институции во земјава. Обуката ќе се одржува онлајн на 17 и 18 мај од 10-14 часот.

На дводневните онлајн предавања се дискутира за начинот на кој се креираат и восприемаат медиумските пораки, емоциите што тие ги предизвикуваат кај публиката, видовите информации и техниките за манипулација.