За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

анализаТаг

Институтот за комуникациски студии (ИКС) го објави истражувањето „Поврзување со граѓаните: дигитални комуникации во граѓанскиот сектор во Македонија“, чија цел е да утврди колку често и за кои цели граѓанските организации користат дигитални комуникациски алатки и техники за да ги пренесат своите пораки до јавноста и целните групи. Анализата се осврнува кон користа од дигиталното комуницирање, особено кога традиционалните медиуми се недостапни за граѓанските организации. Истражувањето исто така се осврнува и кон искуствата на некои од граѓанските иницијативи кои беа актуелни во јавноста во изминативе неколку години (Протестирам, Шарена револуција, Студентски пленум), кои се потпираа на социјалните медиуми во комуникацијата

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста го реализираше истражувањето „Медиумската писменост во Македонија: алката што недостасува за активно граѓанство“. Во извештајот освен што се објаснува концептот „медиумска писменост“ и како тој е дефиниран во меѓународната регулатива, се анализираше состојбата со оваа област низ локална перспектива, односно како медиумската писменост се разбира и практикува во средното образование, во граѓанскиот сектор и во медиумите во Македонија. Истражувањето се реализираше со поддршка на Европската Унија.