
Во Северна Македонија не постои систематизиран пристап за справување со странско мешање и манипулирање на информации (СММИ), ниту институционален механизам за брза и координирана реакција.

Институтот за комуникациски студии (ИКС) во соработка со Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Северна Македонија организираат средба која ќе се одржи на 11 јуни 2025 година (среда), во салата „Борис Трајковски“ во Собранието на Република Северна Македонија, со почеток од 11:00 часот.

Институтот за комуникациски студии (ИКС) објавува повик за учество на специјализирана обука за новинари за известување за странско мешање и манипулација со информации што ќе се реализира последната недела од јуни 2025 година во Скопје.

Институтот за комуникациски студии (ИКС) покренува петиција за вклучување на македонската сивка (Pseudochazara cingovskii) во Анекс 1 на Конвенцијата CITES, за да се спречи нејзино исчезнување поради нелегална меѓународна трговија.

Организациите апелираат државата да го достави предлогот до Секретаријатот на CITES најдоцна до 27 јуни, пред одржувањето на 20-тата Конференција на страните (CoP20) што ќе се одржи од 25 ноември до 5 декември во Самарканд, Узбекистан.

Еколошкото новинарство добива сè поважна улога во заштитата на животната средина и во донесувањето на правилни политики за решавање на еколошките проблеми, како што се климатските промени, загубата на биолошката разновидност и загадувањето

Сторијата „Аерозагадувањето во Македонија одзема 5.000 животи годишно како да сме во војна“ ја доби првата награда на конкурсот за најдобри новинарски стории и фотографија на тема „Факти и дезинформации за климатските промени“, објавени во периодот мај 2024/април 2025 година, што ги доделува Советот за етика во медиумите на Македонија.

Демократска обврска е политичарите да работат на деполаризирање на јавниот дискурс, a комплексните прашања важни за општеството да ги решаваат преку дијалог, наместо преку популизам, напади на лична основа и поткопување на довербата во институциите.

Наградата е значајна и поради тоа што ЗНМ за првпат од своето основање, од оваа година воспоставува доделување на вква престижна награда за најдобар снимателски проект од јавен интерес, како дел од заложбата за унапредување на новинарските и медиумските стандарди.

Институтот за комуникациски студии (ИКС) Ве поканува да учествувате на панел-дискусијата „Гордиевиот јазол на штетните наративи во политиката и во медиумите“, што ќе се одржи на 11 април 2025 година, почнувајќи од 10:00 часот, во хотелот „Холидеј ин“ – Скопје.