вон. проф. д-р Славица Цицвариќ Костиќ
Проф. д-р Славица Цицвариќ Костиќ е редовен професор на Универзитетот во Белград – на Факултетот за организациски науки, катедра за маркетинг менаџмент и односи со јавност (полиња на интерес: управување со брендови, корпоративни комуникации, дигитални комуникации). Таа е визитинг професор на Школата за бизнис во Болоња (при Универзитетот во Болоња), како и на Универзитетот во Риека (Факултет за економија и бизнис), Универзитет во Љубљана (Факултет за администрација) и на Институтот за комуникациски студии, Скопје. Покрај тоа, има искуство како визитинг предавач на неколку универзитети и школи за бизнис низ Европа (Обединетото Кралство, Франција, Словачка, Литванија).
Славица е на раководната позиција во Центарот за маркетинг при Факултетот за организациски науки. Автор е на книги од областа на брендирање и комуникации, како и автор и коавтор на повеќе од 100 трудови објавени во разни списанија, книги и конференции. Поседува сертификат DIMAQ (квалификација за дигитален маркетинг) од 2019 година, издаден од Бирото за интерактивно огласување.
Работи и како консултант за маркетинг и комуникации за организации од деловниот и од јавниот сектор. Како лидер и обучувач, Славица учествувала во значителен број обуки, семинари и едукативни програми од областите на маркетинг, односи со јавноста, корпоративни комуникации, брендирање, дигитални комуникации за профитни, јавни и невладини организации. Соработувала со компании и институции како што се Банка Интеса, eFront / BlackRock, Телеком Србија, Електростопанство на Србија, Министерство за внатрешни работи на Република Србија и ред други.
Славица била директор за деловен развој на меѓународната консултантска компанија Hauska & Partner International Communications. Била и менаџер за односи со јавноста во инвестициската компанија MPC Properties – стратешки партнер на Мерил Линч. Славица е ангажирана како советник на студенти кои се натпреваруваат на меѓународни натпревари за студии на случаи.
Таа била и член на Управниот одбор (2015-2019 год.) и Стручното жири (2013-2016 год.) на Друштвото за односи со јавност на Србија, член на жирито за доделувања признанија од Ефи (Effie Awards) во Србија (2019 год.), доделувањето награди за социјално претприемништво (Social Impact Awards) (2020 год.) и членка е на неколку домашни и меѓународни професионални здруженија, како што се IPRA и EUPRERA.