За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

вон. проф. д-р Сали Браутон Мицова

Сали Браутон Мицова е вонреден професор по комуникациска политика и политика на Универзитетот во Источна Англија и член на неговиот Центар за политика на конкуренција. Таа е исто така академски ко-директор во Центарот за регулација во Европа (CERRE) во Брисел. Нејзиното истражување се потпира на фундаменталните права, поимите за штета и нормативните разбирања за улогата на медиумите и комуникациските технологии во општеството, особено во однос на демократијата и политиката. Сали редовно работи како експерт за Советот на Европа во областите на слободата на изразување, медиумскиот плурализам, аудиовизуелните медиуми и регулацијата на платформи, а придонела и во истражувачки проекти за Европската комисија. Пред да влезе во академијата, работела повеќе од една деценија во меѓународни организации во Југоисточна Европа, вклучувајќи пет години како раководител на медиуми и портпарол во Мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Македонија, тесно соработувајќи со претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите.

Сали има докторат од Одделот за медиуми и комуникации на Лондонската школа за економија и политички науки на тема „Мали и отпорни: европеизација на управувањето со медиумите во Словенија и Македонија“. Ги завршила додипломските и постдипломските студии на Школата за меѓународна служба на Американскиот универзитет во Вашингтон.