проф. д-р Весна Шопар
Проф. д-р Весна Шопар има докторирано на Правниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистрирала на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје. Професор Шопар работи во областа на информирањето и комуницирањето, масовните медиуми, јавното мислење, интеркултурното комуницирање, информациско-комуникациските теории и системи, медиумското право, деловното комуницирање, политиката и медиуми.
Едукативната дејност ја започнува на Правниот факултет – насока новинарство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (1993/4), а потоа е ангажирана на постдипломските студии на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (1996-2009) и на постдипломските студии на Институтот за социологија при Филозофскиот факултет (2001) на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во моментов е вработена на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста.
Била ментор на повеќе кандидати за магистарски тези на групата по комуникации и деловен менаџмент, како и член на комисии за оценка и одбрана на магистерски и докторски дисертации од областа на политичките науки, комуникациите и деловниот и кадровски менаџмент.
Професор Шопар има објавено повеќе од 40 научни публикации, книги, монографии, учествувано во голем број научни собири, конференции и семинари како и учествувано во повеќе од 30 научно-истражувачки проекти во земјата и во странство.
Професор Шопар била и е член на бројни организации и асоцијации во Македонија и во странство: Советот за радиодифузија, Националната работна група за медиуми во рамките на Пактот за стабилност, Центарот за развој на медиумите, Македонскиот институт за медиуми, Бордот за медиа програмата во Институтот Отворено Општество – Македонија, Центарот за комуникации, медиуми и култура.