м-р Славица Биљарска Мирчески
Славица Биљарска Мирчески е магистер по односи со јавност и граѓански активист. Веќе петнаесет години им помага на граѓанските организации нивните цели и активностите да бидат видливи. Таа ги надградува своите истражувачки способности со учество во регионални и меѓународни тимови за истражувачки проекти. Во моментов работи како консултантка и обучувачка за односи со јавноста за неколку граѓански организации и компании во земјата. Нејзин посебен интерес се онлајн односи со јавноста, развивање и спроведување стратегии за односи со јавност и градење бренд. Таа е меѓу креаторите и е коорганизатор на првата конференција за интернет маркетинг и онлајн односи со јавноста во Македонија „AllWeb“.