м-р Наталија Постружник
М-р Наталија Постружник е докторант на Факултетот за менаџмент во Љубљана, Словенија. Магистрирала на тема „Лингвистика на германскиот јазик со акцент на стилските карактеристики и етичките норми и прописи на австриските и словенечките медиуми“. Има дипломирано новинарство и германски јазик и литература на Факултетот за општествени науки и Факултетот за уметности при Универзитетот во Љубљана.
Избрана е за професор во областа на односите со јавноста и на комуникацискиот менаџмент на Факултетот за применети бизнис и општествени науки DOBA во Марибор, Словенија.
Професионално се занимава со односите со јавноста и комуникациите од 1995 година, почнувајќи како раководител на секторот за односи со јавноста во општина Марибор, потоа како шеф на кабинетот на министерот за транспорт и комуникации во Словенија, а денес работи како раководител на секторот за односи со јавноста и за маркетинг комуникации на компанијата „Заваровалница Марибор“.
Била претседател и потпретседател на Здружението за односи со јавноста на Словенија и директор на непрофитниот институт Школа за односи со јавноста, формирана од Здружението, каде што определен период предавала предмети во областа на управување со настани.
Претседава со 12-тата и 13-тата Словенечка конференција за односи со јавноста, на која една година работела и како организациски менаџер.
Уредник е на единствениот весник на комуникациски менаџмент „PiarNaKvadrat“ и ко-уредник на книгата „Trg, trgovina in potrošnik“.
Добитник е на повеќе награди, меѓу кои Наградата за иновативен комуникациски пристап на InCo/InJo Movement, највисоката награда на Словенечкото здружение за односи со јавноста – PiarNaKvadrat, наградата за најдобар годишен извештај меѓу финансиските институции во Словенија на словенечкиот бизнис весник „Финансии“ и друго.
Има посетувано повеќе семинари за бренд менаџмент, директен маркетинг, реклама, спонзорства, бизнис протокол, стратегија, финансии во Словенија и во странство. Учестувала на неколку меѓународни конференции за телекомуникации, односи со јавноста, маркетинг, управување со проекти итн.