fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

м-р Зоран Димитровски

М-р Зоран Димитровски (1964) е новинар, политички аналитичар и уредник со долгогодишно искуство. Како стипендист на Фондацијата Отворено општество Македонија, во 1995 година магистрирал политички науки на Централно-европскиот универзитет во Будимпешта, Унгарија, на тема „Трансформација на јавната сфера во Источна Европа: монополизација на медиумите во процесот на транзиција кон демократија во Република Македонија“.

Со новинарство почнал да се занимава уште од 1985 година во Студентски збор и Млад Борец, каде кон крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите години од минатиот век, заедно со група млади новинари учествувал во македонската демократска пролет, давајќи сопствен придонес со своите политички анализи.

Дипломирал новинарство на универзитетот Св. Кирил и Методиј во 1987 г. Бил главен и одговорен уредник на Млад Борец (1991), помошник на главниот и одговорен уредник на Нова Македонија (1999-2000), главен и одговорен уредник на Вечер (2000-2001), дописник на изданијата на НИП Нова Македонија од Вашингтон, САД (2001-2004), заменик на главниот и одговорен уредник на неделникот Фокус (1995-1999, 2005-2010), уредник на неделникот Публика, прилог на дневниот весник Дневник (2010-2011), главен и одговорен уредник на Дневник (2011-2012), главен и одговорен уредник на „Нова Македонија“.

Од 2014 година Димитровски е главен и одговорен уредник на неделникот „Фокус“.