fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

доц. д-р Сали Браутон Мицова

Д-р Сали Браутон Мицова има докторирано на Одделот за медиуми и комуникации при Лондонската школа за економија и политички науки на тема „Мали и отпорни: Европеизација на управувањето со медиумите во Словенија и Македонија“. Додиплосмките и магистерските студии ги има завршено на Школата за меѓународна служба при Американскиот универзитет во Вашингтон.

Во моментов, работи во Одделот за медиуми и комуникации во Лондонската школа за економија и политички науки и е заменик директор на Проектот за медиумски политики. Претходно, таа беше шеф за развој на медиуми и портпаролот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, шеф за медиуми на Иницијативата за градење доверба во Македонија, спроведена од страна на ИОМ, и заменик-директор на Проектот за потрага по заедничка основа при намалување на конфликти и градење на доверба со медиумите и во образованието систем. Исто така, работи како консултан на теми за медиумски и комуникациски политики и стратегии за комуникација.

На Лондонската школа предава предмети на додипломските и последипломските студии во областа на управувањето на медиумите и комуникациите и на современите медиусмки и комуникациски концепти и теории.

Таа е автор на пет публикации и коавтор на шест книги, како и на повеќе документи за јавни политики и експертски резимеа. Редовно е поканувана како говорник на меѓународни експертски конференции.