Микромагистерските студии претставуваат виртуелен кампус кој нуди шестмесечни специјализирани програми во две области: (1) претрпиемачки екосистем и иновациски стратегии; и (2) дигитални комуникации и маркетинг. Програмите се достапни за онлајн учење на заинтересираните студенти, а се овозможени соработката помеѓу четири високообразовни институции: Инстанбулскиот универзитет од Турција, Институтот за комуникациски студии од Македонија, ДОБА факултетот на применети бизнис и општествени студии од Словенија и Витаутас Магнус универзитетот од Литванија. Оваа соработка им овозможува на студентите пристап до професори со докажано меѓународно искуство во областите кои ќе ги изучуваат.
Програмите се идеални за почетници во претприемништвото, менаџментот и маркетингот. Тие се приспособени за кандидати кои моментално се студенти, но и за работодавци, претприемачи, менаџери, консултанти и за било кој друг кој се интересира да ги подобри своите вештини за бизнис, лидерство и комуникации.
Активностите се овозможени од проектот „Интернационализација дома преку онлајн микро мастерс и виртуелна мобилност – Турција, Македонија, Словенија и Литванија ([email protected])“, поддржан од Еразмус+ програмата и Турската национална агенција.