fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Следење на демократијата 2015: Политичкиот плурализам во медиумите, пред и за време на изборите (МОДЕМ)

Цел на проектот

Целта на проектот беше (1) да се воспостави здрав механизам за откривање и надминување на пречките за енергична и слободна политичка дебата во периодот пред и за време на изборната кампања; (2) да го следи нивото на политички плурализам во текот на официјалната изборна кампања (квалитативен аспект на балансирано покривање) и (3) да се подигне критичката свест на граѓаните за формите на политичка манипулација со медиумите и да предложи чекори и мерки за подобрување на политичкиот плурализам во медиумите.

Го спроведува: Институтот за комуникациски студии

Времетраење: 20.11.2015 – 31.05.2016

Донатор: Амбасада на Кралството Холандија и Британска амбасада Скопје

Опис на активностите од проектот

Целта беше остварена преку: (i) откривање и алармирање (меѓународната заедница) на пречките за слободен и балансиран пристап на политичките актери до медиумите во периодот пред изборите и за време на изборната кампања; (ii) идентификување на суптилни форми на позитивни или негативни „местења“ на политичките актери во официјалниот период на изборна кампања (како квалитативна надградба на квантитативните мерки за рамнотежа обезбедени од страна на аудиовизуелното регулаторно тело); (iii) подигнување на нивото на критичка свест на граѓаните за формите на политичка манипулација во медиумите, како и информирање на медиумите, јавните институции, новинарските организации, невладините организации и пошироката јавност за важноста од слободна политичка дебата и политички плурализам во медиумите за вистинско демократско општество. Исто така, проектот имаше цел да го подобри законодавството и професионалните стандарди за известување за прашања кои имаат поголема општествена и политичка релевантност, како и конкретните улоги на разните политички чинители во време пред избори и за време на избори.