fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Стратешки комуникации за поддршка на Владата на Македонија

Цел на проектот

Подобрување на транспарентноста и отчетноста на македонската Влада преку давање поддршка на ефективни, јасни и стратешки комуникации.

Очекувани резултати

Подобрување на капацитетите на комуникациските тимови на Владата на Македонија, со подобра координација на комуникациските активности, помал број на пораки и конфликти помеѓу владините институции.

Го спроведуваат

Комуникациска служба на Владата на Обединетото Кралство (лидер), Институтот за комуникациски студии

Времетраење: 01.07.2017 – 01.03.2020

Донатор: Британска амбасада Скопје

Проектни активности кои беа реализирани:

  • Развој и евалуација на ефикасноста на процесот на координација на матрицата – обезбедување дека сите министерства во Владата се активни учесници во планирањето и координацијата на активностите на Владата
  • Дефинирање на процес на интерни комуникации и стратегии на Владата
  • Изработка на комуникациска стратегија за Владата на Македонија
  • Професионализација на владините комуникации – да се обезбеди дека на секој комуникатор во Владата му се јасни неговите улоги и задачи, и како тој може да ѝ помогне на Владата да ги реализира своите амбициозни цели
  • Градење на капацитетите на клучните министерства ефикасно да се справат со криза, преку заеднички воспоставување на јасни процеси и реализирање соодветна обука