fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Стоп дезинформации

СтопДезинформации нуди разновидни ресурси како анимирани видеа, блог-постови, туторијали, вебинари, онлајн квизови, прирачници и други едукативни ресурси кои треба да им помогнат на корисниците на социјалните мрежи и граѓанските организации полесно да ги препознаат и да се справат со лажните вести, манипулациите и дезинформации.

Преку платформата СтопДезинформации граѓаните за време на „Неделата против лажните вести“ можат да поставуваат прашања за работата на новинарите и медиумите, како и прашања како да се заштитат на социјалните мрежи и сајбер просторот, а снимените видео одговори се објавуваат во рубриката Прашај.

Онлајн платформата СтопДезинформации е дел од проектот „Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести“, чија цел е преку унапредување на писменоста за вести и на дигиталната писменост, да се подобри ефективноста, одговорноста и етичкото однесување на граѓаните и новинарите во дигиталниот простор. Проектот го спроведуваме ние, ИКС, во соработка со Македонскиот институт за медиуми, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Институтот за различности во медиумите од Лондон.

Date: