За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Само прашај

Само прашај е платформа за размена на идеи и мислења поврзани со јавните политики. Платформата овозможува секој граѓанин да постави прашање и да коментира за општествените проблеми, а за возврат да добие релевантен одговор или решение од претставник на граѓанска организација или пак институција.

Покрај тоа, на Само прашај редовно можете да најдете информации за различни општествени теми, претставувајќи и споделуваќи ги резултатите од работата на граѓанскиот сектор во повеќе области: изборни реформи, образование, здравство и квалитет на живот, различности и социјална кохезија, реформи во судството и владеење на правото, младински прашања, човекови права и борба против дискриминацијата.

Онлајн платформата Само прашај е финансиранa од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје како дел од проектот „Поврзи ги точките: подобрени политики преку граѓанско учество“.

Category:
Date: