„Не игнорирај! Реагирај!“ претставува кампања која Институтот за комуникациски студии заедно со група на медиуми, експерти, граѓански организации, иницијативи и активисти ја спроведува со цел:
- изложување на проблемите со кои се соочуваме како заедница;
- насочување на прашањата кон соодветните институции;
- провоцирање решенија за подобра животна средина и квалитет на живеење.
Општата цел на кампањата е да се зголеми притисокот кон јавните институции за поефикасно решавање на проблемите од животната средина и истовремено да го поттикнеме и насочиме граѓанскиот активизам кон државните и локалните институции за прифаќање на концептот на одржлив развој.
Кампањата „Не игнорирај! Реагирај!“ се реализира како дел од проектот „Поддршка за добро владеење преку граѓанско учество за поголема транспарентност и отчетност на институциите“, кој е финансиран од Британската амбасада во Скопје.