За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Разбистри сè!

„Разбистри сè“ е кампања на Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Алијансата за застапување и лобирање, која се фокусира на два специфични проблема:

  1. управувањето со водните ресурси (како да се користи и заштити водата) и
  2. инспекцискиот надзор против прекумерното искористување на природните ресурси (минерални суровини, шуми, почва и вода).

Кампањата „Разбистри сè“ има за цел да ја подигне свесноста на граѓаните за овие проблеми, да го зголеми влијанието за носење или промени на јавните политики, како и да овозможи поголем дијалог од надлежните институции во процесот на креирањето на политиките. Оваа кампања се реализира со поддршка од и заеднички активности со Алијансата за застапување и лобирање, која ја сочинуваат граѓански организации, иницијативи и активисти, факултети и училишта, општини и медиуми. Кон кампањата може да се приклучат сите засегнати од загрозувањето и уништувањето на природните ресурси во Македонија.

Кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сè“ се спроведува во рамките на проектот „Поврзи ги точките: подобрени политики преку граѓанско учество“, финансиран од Британската амбасада во Скопје.

Category:
Date: