Проектот се содржи од следниве компоненти
1. Дигитална граѓанска иницијатива: Res Publica
ИКС создаде мрежа на креатори на мислење и на влијателни личности во Македонија и во земјите од Западен Балкан кои разговараат за прашања од јавната политика и ќе влијаат на медиумската агенда, зајакнувајќи ги притоа граѓаните со аргументи и податоци да бараат отчетност и транспарентност од јавните институции.
2. Поддршка на граѓанското општество
Преку оваа компонента, ИКС изгради коалиција меѓу граѓаните и граѓанските организации кои ќе бараат од институциите да бидат отчетни, респонзивни и да бидат подготвени да ги спроведуваат политичките реформи. Преку Само прашај и #ДОМА, ИКС ќе влијае на јавната сфера со користење на различни алатки за комуникација. Сакам да кажам (СДК) платформата ќе им овозможи на граѓаните подлабок увид во отчетноста на институциите.
3. Комуникација за промена (Кампања за развој на јавниот интерес)
Во соработка со граѓанските организации, факултетите учениците, граѓанските иницијативи и средните училишта се развија кампањи за јавен интерес да се зголеми притисокот врз властите поефикасно да ги решаваат проблемите во животната средина и да се поттикне и насочи граѓански активизам кон државните и локалните институции. ИКС ќе ги информира граѓаните за нивното право да побараат нивно активно вклучување во креирањето на политиките и ќе им овозможи на граѓанските организации да комуницираат и да ги провоцираат властите да прават промени на политиките. Кампањата „Не игнорирај! Реагирај!“ вклучи повеќе од 4000 граѓани во своите активности и го подигна еколошкиот активизам во државата на повисоко ниво.