Цел
Целта на проектот е подобрување на квалитетот на образованието преку спроведување на интернационализација на наставата и учењето во виртуелната средина, како и зголемување на потенцијалот на поединецот ефективно да влегува во еден поврзан, интеркултурен пазар и да учествува во јавниот живот.
Очекувани резултати
Проектот ќе развие и имплементира две меѓународни онлајн микромагистерски програми, кои ќе бидат реализирани од страна на виртуелен кампус на четирите високообразовни институции.
Го спроведуваат
Универзитетот во Истанбул (лидер), DOBA школа за бизнис (партнер), ИКС (партнер), Универзитет Витаутас Магнус (партнер).
Времетраење: 1.09.2018 – 31.08.2021
Донатор: Европска Унија