За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Микромагистерски студии

Микромагистерските студии претставуваат виртуелен кампус кој нуди шестмесечни специјализирани програми во две области: (1) претрпиемачки екосистем и иновациски стратегии; и (2) дигитални комуникации и маркетинг. Програмите се достапни за онлајн учење на заинтересираните студенти, а се овозможени соработката помеѓу четири високообразовни институции: Инстанбулскиот универзитет од Турција, Институтот за комуникациски студии од Македонија, ДОБА факултетот на применети бизнис и општествени студии од Словенија и Витаутас Магнус универзитетот од Литванија. Оваа соработка им овозможува на студентите пристап до професори со докажано меѓународно искуство во областите кои ќе ги изучуваат.

Програмите се идеални за почетници во претприемништвото, менаџментот и маркетингот. Тие се приспособени за кандидати кои моментално се студенти, но и за работодавци, претприемачи, менаџери, консултанти и за било кој друг кој се интересира да ги подобри своите вештини за бизнис, лидерство и комуникации.

Активностите се овозможени од проектот „Интернационализација дома преку онлајн микро мастерс и виртуелна мобилност – Турција, Македонија, Словенија и Литванија (Master@Home)“, поддржан од Еразмус+ програмата и Турската национална агенција.

Category:
Date: