fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Медиумска писменост во ера на наплив на информации: основање на коалиција за медиумска и информациска писменост (МАМИЛ)

Цел на проектот

Главната цел на проектот беше да се создаде коалиција на медиуми и граѓански организации кои заеднички ќе спроведат активности со цел промовирање на медиумска и информациска писменост (МИЛ) во Македонија.

Резултати

Придобивките од работата на коалицијата беа повеќекратни: зајакнување на граѓаните подобро да ги сфаќаат информациите што ги конзумираат на дневна основа и да станат активно вклучени во јавната сфера и процесот на креирање политики и; им овозможи на медиумите соодветно да ја извршуваат својата идеална улога како чувари на општеството и јавниот интерес.

Го спроведуваат

Високата школа (лидер), во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и дневниот весник Нова Македонија.

Времетраење: 2016 – 2018

Донатор: Европска Унија

Активности кои беа реализирани

Со доделување грантови на осум граѓански организации се основаше Коалицијата за медиумска писменост, сочинета од следните организации: Здружение за граѓани за поддршка на лица со ретка болест Вилсон во соработка со Сакамдакажам.мк; Здружение за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива во соработка со Телевизија Плус Куманово; Здружение за медиумска и комуникациска култуа и граѓански права Реформатор во соработка со 24 Вести Скопје; Коалиција Сексуални и здравстени права на маргинализираните заедници во соработка со Телевизија 21; Македонски институт за европски студии во соработка со радио Урбан ФМ; Mладински Културен Центар Битола во соработка со Тера ТВ Битола; Национален младински совет на Македонија во соработка со Радио МОФ; Специјална олимпијада Македонија во соработка со Македонска Телевизија.

Во рамките на проектот се спроведоа и активности за  унапредување на медиумската писменост кај средношколците преку организирање на работилници за медиумска писменост  во средни училишта и преку издавање на месечниот средношколски весник „Медиум“.

Беа издадени анализа „Медиумската писменост во Македонија: алката што недостасува за активно граѓанство“ и „Прирачник за медиумска писменост“.

Во рамките на проектот, секоја година се спроведуваше Медиумски ден.