Размислуваш ли два пати пред да кажеш нешто? Сметаш ли дека правилниот збор кажан на правилно место во правилно време може да направи огромна разлика во светот? Доколку твојот одговор е да, тогаш се наоѓаш на правилното место!
Ние нудиме сеопфатни магистерски студии во две програми: Менаџирање на стратегиски комуникации и Медиумски менаџмент. Овие програми не само што ќе ви овозможат да ја задоволите вашата страст за знаење, туку ќе ви обезбедат цврста основа врз која ќе можете да напредувате во различни кариерни правци.