Цел на проектот
Целта на проектот е да овозможи за граѓанското општество, особено граѓанските организации (ГО) и млади луѓе, збир на вештини и знаења за заштита на јавниот интерес и животната средина во нивните заедници. Предвидува партнерство помеѓу ГО и средните училишта како механизам за зајакнување на локалната соработка на засегнатите страни и ангажирање на младите за почиста и поздрава животна средина.
Планирани активности
- А1: Утврдување на клучни приоритети за работа
- А2: Суб-грантирање
- A3: Едукативен еко камп „Креирај ја својата иднина“
- А4: Кампања за јавен интерес и менторство
- А5: Одржливи ресурси за еко-свесност и младински еко-активизам
- А6: Национален настан за подигање на свесноста
Времетраење: 01.03.2020 – 31.03.2022
Го спроведуваат: Институт за комуникациски студии (лидер), Македонско еколошко друштво (партнер)
Донатор: Европска Унија