За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Дома

Дома претставува онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии преку која истражуваме, анализираме, информираме и едуцираме за теми поврзани со животната средина, биодиверзитетот, одржливите практики и еколошката свест. Целта на Дома е да информира и едуцира за заштитата на животната средина и биодиверзитетот, да поттикне дебата и да ги мотивира граѓаните активно да се вклучат и да вршат притисок врз институциите за решавање на проблемите.

На doma.edu.mk можете да најдете текстуални и видео содржини во кои низ фактички точен и аргументиран приод се обработени заканите за животната средина во Македонија. Во создавањето на содржините особено внимание се посветува на работата на надлежните институции, при што имаат можност да ја демонстрираат својата работа во справувањето со предизвиците.

Онлајн платформата Дома е изработена во рамки на проектот „Поддршка на доброто владеење преку граѓанско учество за поголема транспарентност и отчетност на институциите во Македонија“ финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје.

Category:
Date: