fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Градење на довербата во медиумите во Југоисточна Европа

Опис на проектот

Проектот имаше за цел да ја зајакне слободата на изразување, слободниот пристап до информации, и да овозможи услови за слободни, независни и плуралистички медиуми, знаејќи дека новинарите и медиумските организации во Југоисточна Европа и Турција се клучните носители на демократски, одржлив и мирен развој во регионот. Целта беше да се врати довербата во медиумите во Југоисточна Европа и Турција. Проектот се фокусираше на подобрување на медиумските механизми за отчетност, внатрешното организирање и функционирање на медиумите, и медиумската и информациска писменост кај граѓаните за да се зајакне поддршката на граѓанското општество за медиумите но и побарувачката за квалитетни медиуми. Овој проект се базираше на претходната соработка помеѓу ЕУ и УНЕСКО. Оттаму, проектот ги користеше искуствата и научените лекции од проектот „Усогласување со меѓународните стандарди во медиумскиот сектор во земјите од Југоисточна Европа” имплементиран од УНЕСКО од 2009 до 2011 година, како и од проектот „Отчетноста на медиумите во Југоисточна Европа“, имплементиран од 2013 до 2015 година. И двата проекти го поддржаа создавањето и зајакнувањето на доброволни механизми за саморегулација во медиумите, како што се на пример советите за етика во Југоисточна Европа и Турција. Тие исто така овозможија форум за дискусија околу приспособувањето на професионалните стандарди на дигиталната ера и вклучување на онлајн медиумите во процесот на саморегулација.

Времетраење: 2015 – 2016

Донатор: Европска Унија и УНЕСКО