Злонамерни информации не се дезинформации!
Колкумина од вас знаат што се злонамерни информации? Веројатно, не многу, а и често се мешаат со дезинформации и погрешни инфомрации. Но, кај злонамерните информации или малинформациите има една голема разлика!
Злонамерните информации се вистинити
За разлика од дезинформации и мисинформациите, кои се погрешни информации, злонамерните информации се вистинити!
Епа, тогаш, зошто овие информации се опасни?
Проблемот е во намерата. Овие информации се споделуваат злонамерно и целта на оној што ги споделува и ги шири е да предизвика штета, да го наруши угледот на некоја личност, организација или држава или да поттикне одредени негативни дејства.
Има многу начини како се користат злонамерните информации – може некаков вистинит настан да се преувеличи за јавноста да се доведе во заблуда и да се предизвика штета. Може да се промени контекстот, а целта е секогаш иста – да му се нанесе штета на другиот или на противникот.
Разлика меѓу злонамерна информација и обична информација
Но, ако овие информации се вистинити, тогаш како да го препознаеме штетниот наратив?
На пример, се случува кога за некој политичар се објавуваат приватни пораки, приватни мејлови, приватни фотографии или компромитирачки снимки, а целта е да се нанесе штета по неговите углед и репутација. Моментот за удар се одбира многу внимателно, кога може да нанесе најголема политичка штета.
Важно е да се споделувањето на овие информации не јавен интерес и е направено со малициозна намера.
На пример, еден политичар за неговиот опонент објавува дека неговиот син е зависник од дрога, или, сексуалната ориентација ја поврзува со неговата способност да ја извршува функцијата, или, објавува компромитирачки фотографии. Можностите се неограничени?
Клучната улога ја имаат медиумите, кои мораат многу да внимаваат!
Злонамерните информации можат сериозно да влијаат врз демократските процеси и изборите, удираат врз довербата во институциите и во системот. Медиумите не смеат да бидат нем пренесувач на политичките и на партиските тврдења и обвинувања, зашто така само ја хранат јавноста со штетни наративи, а на граѓаните веќе ионака им е сè преку глава.
До следното издание, прочитајте го истражувањето ШТЕТНА.