Завршна конференција: „Здружено за поздрава животна средина“
21 јануари (петок) 2022 год., 11:00 часот, хотел Александар Палас, Скопје
Средношколци и претставници на граѓански организации, кои изминативе две години заеднички работеа на иницијативи за решавање на локални еколошки проблеми, ќе споделат свои искуства на завршната конференција „Здружено за поздрава животна средина“.
Ве покануваме да бидете дел од овој настан кој ќе се одржи на 21 јануари 2022 год. (петок), со почеток во 11:00 часот во хотел Александар Палас, Скопје.
Поздравно излагање на настанот ќе има г-дин Штефен Худолин, шеф за соработка на Делегацијата на Европската Унија, а експерти, новинари и активисти ќе говорат за заштитата на животната средина, граѓанскиот активизам и за улогата на медиумите како важна алка во заштитата на јавниот интерес и човековите права.
Овој настан се организира како дел од проектот „Локална акција за подобри политики за заштита на животната средина“ што го реализира Институтот за комуникациски студии во партнерство со Македонското еколошко друштво, а со финансиска поддршка на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).
Заради ограничениот број на учесници на настанот, Ве молиме вашето учество да го потврдите на следниот емаил: најдоцна до 18 јануари (среда) до 17:00 часот.
Обезбеден е превод на македонски и албански јазик за сите паралелни дискусии, а дополнително, обезбеден е превод на англиски јазик за завршната дискусија.
Настанот се организира во согласност со важечките протоколи во услови на пандемија со КОВИД-19, кои предвидуваат поседување и приложување на потврда за извршена имунизација или за прележан КОВИД-19 (45 дена од оздравувањето), задолжително носење на заштитини маски, мерење на температура на учесниците при влез во просторијата, дезинфекција на раце и одржување на физичко растојание.