Започнува „FutureLit“ – проект што ги подготвува младите за иднината
Институтот за комуникациски студии (ИКС) во партнерство со Факултетот за менаџмент при Универзитетот Приморска од Словенија и Универзитетот за применети науки ФХ Јоанеум од Грац, го започна проектот „FutureLit: Подготвени за иднината – дигитално писмени млади“, поддржан од програмата Еразмус+ за партнерства во високото образование.
Проектот има за цел да ги зајакне вештините за иднината и дигиталните компетенции кај студентите и младите професионалци на возраст од 18 до 35 години од Северна Македонија, Словенија и Австрија. Учесниците ќе развиваат вештини за дигитална, медиумска и финансиска писменост, лидерски вештини и способност за стратешко планирање.
Во рамки на проектот ќе се реализира петмесечна меѓународна онлајн програма „Академија за спремност за иднината“ за студенти и млади професионалци од трите земји. Преку интерактивни модули, тимска работа во мешани групи, менторство од професори и експерти и работа на реални предизвици, учесниците ќе стекнат практични знаења и алатки што ќе може да ги применат во своето образование и кариера. Кулминација на програмата ќе биде FutureX Online Summit, на кој ќе бидат претставени најдобрите решенија и идеи кои ќе произлезат од Академијата.
Проектот нема да заврши само со академијата ќе создаде и три трајни онлајн ресурси: интерактивен курс за писменост за иднината, практичен водич за учење насочено кон иднината и студии на случај кои ќе бидат достапни за студенти, млади професионалци и наставници во Европа.
Пријавувањето за Академијата започнува наскоро. Следете не за повеќе информации.
