Запиши се на магистерските студии
Откриј ја вредноста на стратешкото комуницирање и односите со јавноста. Стекни знаења и вештини применливи во различни сфери и помогни ѝ на твојата организација или бизнис да ја подобри својата репутација.
Институтот за комуникациски студии (ИКС) запишува нова генерација постдипломци на едногодишните и двегодишните магистерски студии по Менаџирање на стратегиски комуникации во академската 2021/2022 година.
Програмите ги следат светските трендови во комуникациите и овозможуваат да научиш како да креираш и спроведуваш комуникациски стратегии, да комуницираш во кризи, да спроведуваш маркетинг и бренд кампањи и да креираш содржини прилагодени на дигиталните платформи. Ќе ти помогнат да ги осознаеш најдобрите пристапи за јавна дипломатија и политичка комуникација, да го процениш однесувањето на различните актери во меѓународните односи и политиката и да градиш стратегии за градење имиџ на државата. Магистерските програми ќе те оспособат и за истражување и аналитичко пишување во областа на комуникациите.
Знаењата и вештините кои се стекнуваат на студиите се директно применливи во различни области во државниот, комерцијалниот и граѓанскиот сектор. Во текот на наставата, современата теорија се применува во практични реални ситуации, преку тимска работа, под менторство од реномирани професори од Македонија и странство.
Студирањето е прилагодено на професионалните и останатите обврски на постдипломците. Наставата се реализира предмет по предмет, со вебинари и онлајн ресурси за учење, кои се достапни во секое време и од кое било место преку виртуелната училница.
Со завршувањето на студиската програма стекнуваш научно звање „магистер по менаџирање на стратегиски комуникации“.
Повеќе информации за магистерските студии прочитајте ТУКА.
Лице за контакт: