Важни совети како да се заштитиме од земјотресите
Земјотресите се случуваат ненадејно, но ретко размислуваме за нив, освен во моментите кога тие настануваат. За таа цел, подготвивме серијал на видеа наменети да нè потсетат кои се правилните чекори кои треба да ги преземеме пред, за време на земјотресот, како и по неговото завршување.
Иако првата реакција ни е да трчаме кон излезот, експертите велат дека тоа е погрешен чекор. Наместо тоа, потребно е да се засолниме под цврсти предмети како масите, да ја заштитиме главата со дланките и да почекаме земјотресот да заврши. Дури потоа се советува евакуација на зградата. Погледнете ги останатите совети.
Видеото е изработено во рамки на проектот Интегративно зајакнување на свесноста за ризиците од земјотресите (ИСРА), финансиран од Европската Унија. Покрај ИКС, партнери на проектот се Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Аристотел универзитетот од Солун, Грција; Фондација Еуцентре од Павија, Италија и Политехничкиот универзитет од Тирана, Албанија.