fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Средношколци креираа контекст и пораки со филмска монтажа и фотографија

Во филмската уметност се произведува нова емоција или мисла кај публиката со лепење на кадри. При фотографирањето, пак, пораката и ставот се искажуваат преку начинот на кој ќе биде врамен субјектот кој се фотографира.

Ова го учеа околу 80 средношколци на работилниците за филмска писменост кои Институтот за комуникациски студии (ИКС) и ИРЕКС ги организираа на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“, поддржани од УСАИД проектот за медиумска писменост „Младите размислуваат“.

Средношколците продуцираа видеа во тимови и создаваа различни значења со истиот снимен материјал преку процесот на монтажа. Друга група на средношколци, пак, учеа како да изработат фотографија која остава емотивен печат врз гледачот. Работејќи на авторски производи, средношколците осознаа и како да ги препознаваат суптилно испратените пораки во медиумите и филмовите.

Најдобрите видеа и фотографии беа избрани и наградени од комисии составени од професионалци од медиумската и филмската индустрија во Македонија.

Погледнете ги видеата кои беа снимени и монтирани од средношколци на работилницата за филмска монтажа.

Погледнете ги фотографиите направени во рамки на работилницата за креативна фотографија.

Погледнете каква беше атмосферата на работилниците за филмска монтажа и фотографија на фестивалот за млади „Џифони Македонија“.