
ResPublica започна соработка со Project Syndicate
Академскиот блог на Институтот за комуникациски студии ResPublica започна соработка со Project Syndicate, глобалнатa веб платформа која објавува анализи од водечки светски иноватори во економијата, политиката, здравството, технологијата и културата. ResPublica ќе прави избор од нивните блоговите и ќе ги реобјавува на македонски јазик.
Project Syndicate објавува оригинални, висококвалитетни коментари за глобалната публика од истакнати политички лидери, креатори на политики, научници, бизнис лидери и граѓански активисти од целиот свет. Меѓу соработниците на веб платформата има 45 нобелови лауреати и 111 шефови на држави. На овој начин, таа поттикнува отворена граѓанска дебата за прашања од глобален интерес и им обезбедува на медиуми и на нивните читатели најсовремени анализи. Членството на Project Syndicate опфаќа речиси 500 медиуми во повеќе од 150 земји.
Коментарите и анализите на Project Syndicate можете да ги читате на www.project-syndicate.org