fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

„Раздели па владеј“: Како се користи оваа тактика во модерната политика

„Раздели па владеј“ не е само стара поговорка што одекнува од историјата. Тоа е ефективна тактика што се користи и денес во модерната политика, особено во комуникациските кампањи на политичките партии и лидери. Овој пристап има една цел: да создаде поделби во општеството, да ги засили разликите меѓу групите и да ја зацврсти контролата врз политичката моќ преку фрагментирање на јавноста.

Како функционира оваа стратегија?

Наративите што поттикнуваат поделби најчесто се насочени кон оцрнување на противничките групи или политички опоненти врз основа на различни карактеристики. Овие карактеристики може да бидат поврзани со пол, возраст, етничка припадност, религија, политичка идеологија или социјален статус. Со ваквите наративи, јавноста се поларизира, а општествените групи се поставуваат една против друга.

На пример, може да се чујат пораки како: „Јас сум жена, тие се мажи“; „Јас сум млад, тие се постари“; „Јас имам светла кожа, тие се со потемна боја на кожата.“ Овие вешто конструирани фрази не само што ја нагласуваат разликата меѓу групите, туку и создаваат негативен наратив за „другата страна“. Со користење на термини како „типичен десничар“ или „комунистите се закана за државата“, ваквите изјави ја наметнуваат идејата дека некоја група е лоша или опасна за општеството, што доведува до поделба и конфликти.

Последици од оваа реторика

На прв поглед, резултатот од наративите што поттикнуваат поделби е страв, паника и несигурност кај јавноста. Оваа стратегија ги пренасочува вниманието и критиките од вистинските политички проблеми кон меѓусебните разлики, со што се избегнуваат важните прашања. Истовремено, ја зголемува недовербата кон институциите и политичките процеси.

Со текот на времето, оваа токсична реторика го прави јавниот простор неспособен за конструктивен дијалог. Политичките наративи стануваат поедноставени и поделени во две бои: „црно и бело“. Наместо да се анализираат политиките на подлабоко ниво, фокусот се пренасочува кон тоа кој е „доброто момче“ а кој е „лошото момче“. Ова води до политичка апатија, откажување од гласање и намалена вклученост на јавноста во политичките процеси.

Медиумите и нивната улога во поттикнување поделби

Медиумите играат клучна улога во одржувањето на јавниот дискурс и информирањето на јавноста. За жал, некритичкиот пристап на некои медиуми кон пренесувањето на политички изјави и говори може дополнително да ги зацврсти поделбите. Кога медиумите слепо ги пренесуваат наративите на политичарите, без да се преиспитаат последиците од ваквите пораки, тие придонесуваат за зголемување на стравот и несигурноста кај луѓето.

Свесното ширење на наративи што предизвикуваат поделби ја намалува довербата на јавноста во политичките процеси и институциите, и ги оттуѓува граѓаните од политиката. Ваквото однесување од страна на медиумите може да доведе до тоа граѓаните да изгубат интерес за учество во општествените процеси, или да се решат да го напуштат својот роден крај, барајќи поурамнотежена средина за живот.

Прочитајте повеќе во истражувањето на штетните политички наративи „ШТЕТ-НА