За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Работилница за етичко креирање содржини со вештачка интелигенција

Како етички да креираме содржини со помош вештачката интелигенција се дискутираше на работилницата „Вештачка интелигенција во новинарството: алатки за креирање содржина и етичко известување“ што ја организираше Институтот за комуникациски студии (ИКС) на 28 ноември 2024 година. Работилницата која траеше 5 часа вклучуваше теоретски дискусии, како и практични вежби.

Учесниците се запознаа со алатките на вештачката интелигенција за креирање на различни видови содржини, дебатираа за етички дилеми од примената на ВИ и работеа на реални сценарија, применувајќи ги теоретските концепти во пракса. Тие активно учествуваа, предлагајќи иновативни идеи за користење на ВИ алатки и учествувајќи во групните активности. Групната работа поттикна заедничко решавање проблеми и размена на идеи, што овозможи длабочинско разбирање и креативни решенија. Учесниците истакнаа дека се потребни почести работилници посветени на создавање визуелна содржина со помош на ВИ.

Етичките прашања, особено оние поврзани со злоупотребата на податоци не изостанаа на работилницата, како и повиците за интегрирање на медиумската писменост и етика во формалните наставни програми за новинарство. Работилницата се организираше како дел од проектот TADAM: Алатки и свесност за (дез)информации, алгоритми, и медиуми кој го спроведува ИКС заедно со осум партнери од Европа. Проектот е кофинансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија.