fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Прва награда од СЕММ и ОБСЕ за заедничките стории на МИА и Само прашај

Во неколкуте новинарски продолженија, новинарите од МИА – Ана Цветковска, Ангела Рајчевска и Борис Куноски, во соработка со Само прашај пишуваа за условите во кои престојуваат децата во воспитно-поправните домови. Истражувањето покажа дека ним им е ускратено правото на задолжително основно образование, а девојчињата пак казната ја издржуваат во затвор со полнолетни затворенички.

По објавувањето, реагираше Народниот правобранител, а министерот за правда Никола Тупанчевски најави дека девојчињата ќе бидат префрлени од скопскиот затвор „Идризово“ во воспитно-поправниот дом во с. Волковија, Тетово.

Исто така, уште една приказна објавена на Само прашај доби пофалница. Тоа е приказната на новинарката Ана Зафирова, за која како што образложуваат од жири комисијата  „на визуелно иновативен начин ги прикажува предизвиците со кои се соочуваа глувонемите за време на пандемијата“.

Линк до првонаградениот серијал новинарски објави на МИА и Само прашај:

  1. Децата упатени во воспитно-поправен дом се лишени од задолжителното образование
  2. Антоски: Очекуваме наставата за штитениците во воспитно поправниот дом да почне месецов
  3. Со доследно применување на Законот за правда на деца до намалување на деликвенцијата
  4. Образованието на децата во Воспитно-поправен дом бара системско решение
  5. Една година „воспитување“ без образовaние за штитениците во ВПД, се очекува процесот да продолжи во септември

Линк од видео прилогот Маските се пречка во светот на глувите и наглувите

Автори: Ана Зафирова (новинарка), Иван Поповиќ (снимател), Борче Крстевски (монтажер),  Марија Башеска, преведувачка на знаковен јазик.

Линк од информацијата за наградeните новинарски стории од Конкурсот на СЕММ и Мисијата на ОБСЕ во Скопje