fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Повик за консултанти за проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“

Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“ објавува повик за консултанти со искуство во медиумска писменост и критичко размислување, образование, новинарство, проверка на факти, комуникации и/или сродни области за да станат консултанти за развој на ресурси.

За аплицирање потребно е да се испрати CV и мотивациско писмо на е-маил адресата  со назнака “Resource/Training Development Consultants. Рокот за аплицирање е до 10 јануари 2022 година.

Кандидатите што ќе влезат во потесниот избор ќе бидат поканети на интервју. Изборот на кандидати ќе биде направен не подоцна од 25 јануари.

Сите прашања поврзани со повикот можете да ги испратите на до 31 декември 2021 година.

Целосниот повик е достапен на линкот: YouThink – Resource and Training Development Consultants (.pdf)