fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Повик за апстракти за КАИРОС: Журнал за медиуми и комуникации (бр. 2)

ИКС ги повикува сите заинтересирани автори да поднесат научни апстракти во рамки на вториот отворен повик за апстракти на КАИРОС: Журнал за медиуми и комуникации.

Тема: Подобро справување со дигиталниот простор за информации

Новите технологии и дигиталните медиуми го обликуваат денешниот свет, нашите демократии и нашите општества. Развојот на технологијата создава можности и закани за тоа како размислуваме за информациите, политиката и општеството. Поважно од кога било за младите е да бидат медиумски писмени за да можат да ги разберат и да ги користат новите медиуми и алатки за комуникација на општествено корисен начин.

Предизвикот е голем за младите луѓе, кои имаат тенденција да ги избегнуваат вестите, делумно поради влијанието на негативните вести врз нивното расположение, а делумно поради нивната недоверба кон медиумите и доминантните извори на вести. Тие се поповрзани од кога било, но во исто време се оддалечени од општеството.

Како може новите медиуми и медиумската писменост да им помогнат на младите не само да им веруваат на медиумите туку и да научат да ги користат за носење позитивни промени во општеството? Дали образованието за медиумска писменост може да биде лек за зголеменото избегнување вести од страна на младите? Дали образованието може да биде во чекор со темпото на развој на технологијата или е осудено секогаш да биде чекор поназад? Како новите медиуми и дигиталната писменост им помогнале на граѓанските групи и иницијативи во минатото?

Авторите треба да ги анализираат овие, и други прашања кои сметаат дека се релевантни за темата во нивните поднесоци.

Теми што можат да се обработуваат (листата не е ограничена на наведените теми):

  • Причини за избегнување на вестите од младите луѓе
  • Начини на враќање на довербата во медиумите
  • Улогата на вештачката интелигенција во креирање и ширење дезинформации
  • Како да се користат новите технолошки и комуникациски алатки за позитивни промени во општеството
  • Ефективноста на образовните институции во креирање на критички настроени млади луѓе
  • Нови модели на образование за медиуми и комуникации
  • Како медиумската писменост може да донесе позитивни промени во заедницата
  • Поврзаност помеѓу медиумското образование и граѓанската вклученост
  • Медиумска манипулација и пропаганда
  • Ризици и предизвици за безбедноста при комуницирање на интернет
  • Студии на случај на комуникациски практики на граѓански иницијативи

Важни датуми

  • Краен рок за поднесување на апстракти е 21 ноември, 2022.
  • Известување за прифаќање/одбивање на апстрактите до 28 ноември, 2022.
  • Рокот за испраќање на целосните трудови (5.000 – 8.000 зборови) е 01 февруари, 2023 година.
  • Уредувачкиот одбор ќе прифати само текстови кои претходно не биле објавени.
  • Апстрактите задолжително треба да ги следат насоките за пишување наведени во продолжение на повикот.

Инструкции за пишување на апстрактот

КАИРОС е креиран како дел од проектот на УСАИД за медиумска писменост: YouThink. Станува збор за петгодишна програма финансирана од УСАИД за работа со младите за да им помогне да се снаоѓаат во и да обликуваат информативен екосистем кој информира и поттикнува соработка наместо да создава поделби и поларизација.

Проектот на УСАИД за медиумска писменост YouThink го спроведува ИРЕКС заедно со Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Младинскиот образовен форум (МОФ). Активностите на YouThink се овозможени со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД).