За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

КАИРОС: Журнал за медиуми и комуникации (бр. 8)

Повик за апстракти КАИРОС: Журнал за медиуми и комуникации (бр. 9)

Институтот за комуникациски студии (ИКС) објавува
Повик за апстракти
КАИРОС: Журнал за медиуми и комуникации (бр. 9)
Рок: 15 јуни 2026 година

ИКС ги повикува сите заинтересирани автори да поднесат научни апстракти во рамки на отворениот повик на КАИРОС: Журнал за медиуми и комуникации.

КАИРОС е научно списание со отворен пристап посветено на научни дискусии за теми поврзани со медиумска и информациска писменост, медиумско образование, критичко размислување и новите трендови во студиите за медиуми и комуникации. Трудовите објавени во КАИРОС можат да се фокусираат на горенаведените области од социолошки, психолошки, политички, лингвистички и технолошки перспективи.

Важни датуми:

  • Краен рок за поднесување на апстракти е 15 јуни 2026 година.
  • Известување за прифаќање/одбивање на апстрактите најдоцна до 19 јуни 2026 година.
  • Рокот за испраќање на целосните трудови (4.000 – 6.000 зборови) е 26 август 2026 година.
  • Уредувачкиот одбор ќе прифати само текстови кои претходно не биле објавени.
  • Апстрактите задолжително треба да ги следат насоките за пишување наведени во продолжение на повикот.

Инструкции за пишување на апстрактот:

  • Апстрактите треба да бидат напишани на англиски јазик;
  • Апстрактите треба да содржат од 200 – 300 зборови;
  • Насловот на апстрактот да не содржи повеќе од 20 зборови, да биде со големи букви и да не содржи кратенки;
  • Апстрактите треба да бидат изработени во компјутерска техника, со користење на фонт Times New Roman, со големина на букви 12 и проред 1.15 за основниот текст, и со големина на букви 10 со проред 1 за текстот во фусноти;
  • Апстрактите треба да содржат 3 – 5 клучни зборови;

Апстрактите, заедно со кратка биографија на авторите, треба да се испратат во Word формат на и со назнакаАпстракт за статија – КАИРОС бр. 9“.