Повик за апстракти – КАИРОС: Журнал за медиуми и комуникации (бр. 8)
Рок: 16 февруари 2026 година
ИКС ги повикува сите заинтересирани автори да поднесат научни апстракти во рамки на отворениот повик на КАИРОС: Журнал за медиуми и комуникации.
КАИРОС е научно списание со отворен пристап посветено на научни дискусии за теми поврзани со медиумска и информациска писменост, медиумско образование, критичко размислување и новите трендови во студиите за медиуми и комуникации. Трудовите објавени во КАИРОС можат да се фокусираат на горенаведените области од социолошки, психолошки, политички, лингвистички и технолошки перспективи.
Важни датуми:
- Краен рок за поднесување на апстракти е 16 февруари 2026 година.
- Известување за прифаќање/одбивање на апстрактите до 19 февруари 2026 година.
- Рокот за испраќање на целосните трудови (4.000 – 6.000 зборови) е 09 април 2026 година.
- Уредувачкиот одбор ќе прифати само текстови кои претходно не биле објавени.
- Апстрактите задолжително треба да ги следат насоките за пишување наведени во продолжение на повикот.
Инструкции за пишување на апстрактот:
- Апстрактите треба да бидат напишани на англиски јазик;
- Апстрактите треба да содржат од 200 – 300 зборови;
- Насловот на апстрактот да не содржи повеќе од 20 зборови, да биде со големи букви и да не содржи кратенки;
- Апстрактите треба да бидат изработени во компјутерска техника, со користење на фонт Times New Roman, со големина на букви 12 и проред 1.15 за основниот текст, и со големина на букви 10 со проред 1 за текстот во фусноти;
- Апстрактите треба да содржат 3 – 5 клучни зборови;
- Апстрактите, заедно со кратка биографија на авторите, треба да се испратат во Word формат на и со назнака „Апстракт за статија – КАИРОС бр. 8“.
