fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

КАИРОС повик за апстракти ноември 2024

Повик за апстракти за КАИРОС: Журнал за медиуми и комуникации (бр. 6)

ИКС ги повикува сите заинтересирани автори да поднесат научни апстракти во рамки на четвртиот отворен повик за апстракти на КАИРОС: Журнал за медиуми и комуникации.

КАИРОС е научно списание со отворен пристап посветено на научни дискусии за теми поврзани со медиумска и информациска писменост, медиумско образование, критичко размислување, технологија и вештачка интелигенција, и новите трендови во студиите за медиуми и комуникации. Трудовите објавени во КАИРОС можат да се фокусираат на горенаведените области од социолошки, психолошки, политички, лингвистички, и други перспективи.

Важни датуми

  • Краен рок за поднесување на апстракти е 16 декември 2024 година.
  • Известување за прифаќање/одбивање на апстрактите до 20 декември 2024 година.
  • Рокот за испраќање на целосните трудови (4.000 – 6.000 зборови) е 13 февруари 2025 година.
  • Уредувачкиот одбор ќе прифати само текстови кои претходно не биле објавени.
  • Апстрактите задолжително треба да ги следат насоките за пишување наведени во продолжение на повикот.

Инструкции за пишување на апстрактот

КАИРОС е индексиран во: Directory of Open Access Journals (DOAJ), Central and Eastern European Online Library (CEEOL), Social Science Open Access Repository (SSOAR), ERIH PLUS – European Reference Index for The Humanities and Social Sciences.

КАИРОС е креиран како дел од проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“, кој претставува петгодишна програма која работи со младите за да им помогне подобро да се снаоѓаат во денешниот информативен екосистем и да учествуваат во него на начин што ќе информира и вклучува, наместо да разделува и поларизира.

Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат” е имплементиран од ИРЕКС заедно со Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Младинскиот образовен форум (МОФ). Активностите во проектот се овозможени со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

ISSN: 2955-1927