За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Покана за научен собир – Наративна стапица: откривање на штетни(те) наративи кај политичарите и медиумите

Институтот за комуникациски студии (ИКС) Ве поканува да учествувате на научниот собир со дискусија што ќе се одржи на 27 март 2025 година во хотел „Хилтон“ Скопје со почеток во 11:30 часот. Темата на дискусијата ќе се заснова на деветмесечното истражување на ИКС Мерење на политички штетни наративи и на монографијата Наративна стапица: откривање на штетни(те) наративи кај политичарите и медиумите.

Истражувањето и монографијата ги дефинираат не само комуникациските стратегии на политичките актери туку и растечката тенденција за негување негативен јавен дискурс. Доминантната негативна реторика е дополнително засилена преку медиумите (телевизиите и онлајн медиумите) кои не ги почитуваат доследно новинарските професионални стандарди кога информираат за политичките случувања.

На настанот посебно внимание ќе им се посвети на ефектите од ваквата јавна и политичка комуникација. Преку екстракција на зборовите со силен емоционален набој, авторките ќе сумираат каков психолошки отпечаток оставаат ваквите пораки кај публиката. Дополнително, со критичката дискурзивна анализа, истражувањето ги „улови“ неологизмите и јазичните иновации што ги пропагираат политичарите, создавајќи своевиден политички новоговор − и во македонскиот и во албанскиот јазик.

Официјален јазик на настанот е македонски и не е предвиден превод на друг јазик.

Сите заинтересирани за учество треба да се регистрираат најдоцна до 25 март (вторник) на ОВОЈ ЛИНК.

*За учесниците кои не се од Скопје ќе бидат покриени патните трошоци во износ на повратен автобуски билет.

Лице за контакт: Александра Теменугова, програмски координатор

, 070 359 876

Во прилог на оваа покана го доставуваме и дневниот ред за настанот.

ДНЕВЕН РЕД

Време Тема
11:15 – 11:30 Регистрација
11:30 – 11:40

Штетните наративи во политичкиот дискурс во Македонија: претставување на монографијата на Институтот за комуникациски
студии „Наративна стапица: откривање на штетни(те) наративи кај политичарите и медиумите“ – м-р Јорданка Черепналкова
Трајкоска, Институт за комуникациски студии

11:40 – 11:50 Штетните наративи во рамките на комуникациските пристапи и практики на политичките актери во Македонија – ас. м-р Теа Конеска-Василевска, Институт за социолошки и политичко-правни истражувања, УКИМ
11:50 – 12:00 Политички (негативен) новоговор: Неологизмите во политичкиот јавен дискурс во македонскиот јазик – проф. д-р Симона Груевска-Маџоска, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
12:00 – 12:10 Неологизмите во политичкиот јавен дискурс во албанскиот јазик – м-р Јордана Шемко, надворешна соработничка на Институтот за комуникациски студии
12:10 – 12:20 Психолошкиот отпечаток на штетните наративи: ефектите од континуираната  изложеност на зборови со силен емоционален набој – проф. д-р Елеонора Серафимовска, Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
12:20 – 13:50 Дискусија
13:50 – 14:30 Закуска

Модератор: проф. д-р Ненад Марковиќ, Правен факултет „Јустинијан Први“