
Покана до медиуми: Презентација на ставови и препораки од анализи на тема: „Странско мешање и манипулирање со информации во Република Северна Македонија“
Институтот за комуникациски студии (ИКС) во соработка со Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Северна Македонија организираат средба која ќе се одржи на 11 јуни 2025 година (среда), во салата „Борис Трајковски“ во Собранието на Република Северна Македонија, со почеток од 11:00 часот.
Настанот се организира во рамки на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, финансиран од Британска амбасада во Скопје.
Ве покануваме да го проследите настанот на кој ќе бидат презентирани ставовите и препораките произлезени од двете појдовни анализи изработени од ИКС:
- „Странско мешање и манипулирање со информации во Република Северна Македонија“ од вон. проф. д-р Методи Хаџи-Јанев и д-р Маријан Стоилковски;
- „Документ за јавни политики: Осврнување на странското мешање и манипулирање со информации во контекст на европските регулативи“ од д-р Конрад Блејер-Симон, научен соработник во Центарот за плурализам и слобода на медиуми (Европски универзитетски институт – Фиренца, Италија), и во Европската опсерваторија за дигитални медиуми (ЕОДМ).
По презентацијата ќе следува дискусија од учесниците.
Напомена: Настанот може да го проследат новинарите кои се акредитирани во Собранието на РСМ.
Дневен ред
11:00 – 11:15 | Пристигнување на гостите |
11:15 | Поздравно обраќање и добредојде генерал д-р Павле Арсоски, претседател на Комисијата за одбрана и безбедност Претставување на проектот Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации |
11:30 | „Странско мешање и манипулирање со информации во Република Северна Македонија“ вон. проф. д-р Методи Хаџи-Јанев „Документ за јавни политики: Осврнување на странското мешање и манипулирање со информации во контекст на европските регулативи“ |
12:15 | Дискусија |
12:45 |
Препораки м-р Дејан Андонов, Институт за комуникациски студии |
13:00 | Крај |