fbpx

 

 

За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Отворен повик за автори на Рес публика

ИКС ги повикува сите заинтересирани автори да поднесат пријава за да станат дел од тимот на соработници/автори на блогот Рес публика.

За Рес публика

Рес публика е академски блог на Институтот за комуникациски студии (ИКС) кој преку блогови, анализи, поткасти и други содржини создава мрежа од професори, аналитичари, истражувачи, новинари, граѓански активисти, и стручњаци од различни професии која анализира прашања од јавен интерес.

Рес Публика воспоставува соработка со медиуми и веб-платформи во Македонија и регионот (Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Хрватска, Грција, БиХ) што креира простор за соработка на избраните автори со овие медиуми преку реобјавување на содржини и/или креирање на оригинална содржина за тие платформи.

Текстовите на Рес публика можат да бидат обработени во следниве области (листата не е исцрпна):

  • Политика
  • Економија
  • Човекови права
  • Медиуми и новинарство
  • Животна средина
  • Медиумска писменост
  • Дезинформации
  • Технологија
  • Говор на омраза
  • Образование
  • Право
  • Социологија
  • Здравство
  • Социјални права

Што е потребно за пријава

За пријава потребно е да се испрати мејл на со назнака „Пријава за автор на Рес публика“, заедно со кратка професионална биографија и наведени три предлог теми за блог. Вклучување на линкови до претходно објавени авторски текстови е препорачливо.

Пријавите треба да бидат испратени најдоцна до 1 ноември (вторник).

Избраните кандидати/ки ќе бидат поканети да го изработат својот прв текст за Рес публика.

*Ангажманот не предвидува засновање на редовен работен однос со ИКС.   

**За одобрените текстови следува авторски хонорар.

Лице за контакт

Бојан Георгиевски – проектен менаџер во ИКС –