Онлајн програмата за комуникација за животна средина започна со над 180 учесници
Повеќе од 180 учесници од 10 земји ќе бидат активно вклучени во комуникацијата за животна средина во следните шест месеци. Во јануари, тие почнаа да ја изучуваат меѓународната онлајн програма која ја спроведуваат пет високообразовни институции – Институтот за комуникациски студии со универзитетите во Загреб (Хрватска), Нови Сад (Србија), Сараево (БиХ) и Тирана (Албанија).
Во првиот курс, учесниците учат како правилно и јасно да комуницираат и да ги толкуваат податоците и фактите за животната средина. Тие ќе стекнат знаења и вештини за да ги препознаат вредностите на биолошката разновидност и природните ресурси, да го разберат изворот на загубата и заканите на биодиверзитетот и да користат современа реторика и терминологија.
Петте курсеви во програмата се дизајнирани и теоретски и практично, вклучувајќи заедничко онлајн учење. Учесниците работат интерактивно на различни студии на случај и подготвуваат тимски задачи секоја недела, предводени од професори кои се специјалисти во областа.
Наставната програма опфаќа различни области: управување со животната средина, учество на јавноста, решавање конфликти, комуникација со ризик, новинарство, социјален маркетинг и застапување. Оттука, специјализираната онлајн програма ќе отвори можности за развој на кариера и истражувања во различни сектори на општеството – граѓанското општество, медиумите и креативните индустрии, академијата, владата и индустријата.
Онлајн програмата за комуникација за животна средина се реализира во рамките на проектот финансиран од ЕРАЗМУС+ „Популаризација на комуникацијата за животна средина преку онлајн учење и виртуелна мобилност”.