За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Обука за новинари за известување за странско мешање и манипулација со информации (СММИ)

Институтот за комуникациски студии (ИКС) објавува повик за нов сет на еднодневни специјализирани обуки за новинари за известување за странско мешање и манипулација со информации, кои  ќе се реализираат на 22 (понеделник) и 23 (вторник) септември 2025 година.

Овие обуки се реализира во рамки на проектот: „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, поддржан од Британската амбасада во Скопје, како дел од пошироките напори за унапредување на медиумската писменост и зајакнување на отпорноста на јавниот дискурс.

Што ќе научиш?

Преку обуката, учесниците ќе стекнат знаења и вештини за:
  • Препознавање на странското мешање и манипулација со информации СММИ и разбирање на нивниот контекст и влијание врз медиумските наративи;
  • Препознавање и анализа на тактики, техники и процедури (ТТП) што се користат во кампањи на влијание;
  • Користење алатки и техники од OSINT-рамката за верификација и истражување на сомнителни содржини;
  • Разбирање на правните и институционалните механизми за заштита од странско влијание и дезинформации;
  • Примена на принципите за професионално и етичко новинарство со цел градење отпорност кон СММИ.
Формат, времетраење, јазик и задачи
  • Формат на обуката: обуката ќе биде во хибридна форма, со еден ден физичко присуство (во училница) со тренер, а потоа еден месец работа на новинарски стории со онлајн консултации со тренерот.
  • Обуката вклучува: интерактивни предавања, практични вежби, работа на терен, менторска поддршка од тренер од странство и координација со тимот на ИКС при изработката на новинарските стории.
  • Работен јазик на обуката: англиски
  • Задачи на обучените новинари: за време на обуката, ќе се идентификуваат теми за аналитичко и длабинско новинарско истражување. Најдобрите предложени теми ќе бидат финансиски поддржани и објавени на ИКС и на медиумите од коишто доаѓаат. Новинарите може да работат самостојно или во тимови.
  • Датум на одржување на обуките: 22 и 23 септември 2025 година.
  • Локација: Институт за комуникациски студии, Јуриј Гагарин бр. 17-1/1, Скопје (за учесниците надвор од Скопје, ИКС ќе ги покрие патните трошоци)
Критериуми за избор на учесници:
  • Новинарско искуство од минимум 2 години, во информативна редакција
  • Разбирање и работа на теми за медиумска писменост и дезинформации
  • Активно познавање на англискиот јазик
  • Согласност од медиумот од којшто доаѓа за објавување на приказните подготвени во рамки на обуката

За учесниците кои не се од Скопје ќе бидат покриени патните трошоци.

Пријавувањето е на следниот линк: ФОРМУЛАР ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Краен рок за пријавување е 12 септември (петок) 2025 година.

Лицa за контакт:

Лејла Шабан, , 071 370 337.

Моника Аксентиевска, , 070 281 654.