Покана за настан: Градски решенија засновани врз природата – пат до одржлива иднина
Градовите низ Европа, а особено градовите низ Западен Балкан се соочени со поголеми притисоци: топли лета и топлотни бранови, поплави, лош квалитет на амбиентален воздух како и сè поголемата потреба за нови простори за живеалишта.
Сето ова ги прави градовите многу непријатни места за живеење, каде граѓаните секојдневно се соочуват со различни ризици кои влијаат на нивното здравје и живот. Решенијата засновани врз природата претставуваат иновативни, ефикасни и одржливи начини, преку кои градовите може да се справат или барем да ублажат дел од опасностите – преку употреба на природата како главен водич во градењето на одржливи заедници.
Институтот за комуникациски студии (ИКС) Ве поканува да ја проследите јавната презентација и дискусија „Градски решенијата засновани врз природата – пат до одржлива иднина“, што ќе се одржи на 29 септември 2025, почнувајќи од 10:00 часот, во хотелот „Солун“ – Скопје.
Регистрирајте го вашето учество на линкот: https://forms.gle/26vVCQpqSFdJQcmN7
На овој настан ќе се презентираат сите анализи и резултати, добиени од истражувањата на ИКС кои даваат одговор на тоа како на правилен и одржливи начин може да се градат одржливи градови и заедници преку искористување на урбани решенија засновани врз природата кои одговараат на локалниот социјален и климатски контекст.
На јавната дискусија ќе се отстапи време и простор на присутните да ги изнесат своите ставови и гледишта кон тоа во кој правец треба да се развиваат големите урбани заедници во Македонија, како и да постават прашања кои би помогнале во создавање на одржливи заедници непосредно пред локалните избори во државата.
Дневен ред
| 09:30 – 10:00 | Регистрација и кафе |
| 10:00 – 10:45 |
Презентација на анализи и предлози за употреба на решенија засновани врз природата во локалната средина м-р Кирил Арсовски Пржо, истражувач, Институт за комуникациски студии |
| 10:45 – 12:00 | Дискусија |
Конференцијата се организира во рамките на проектот „Градски пристап кон забрзување на решенија засновани на природата преку Регенеративен урбан светилник на ЕУ (UPSURGE) “, кој е поддржан од Европската Унија.
